Мал спортски терен во с.Козјак

Изграден е повеќенаменски мал спортски терен (ракомет и кошарка) со површина од 580 м² (30м х 18м), со бетонска подлога, врз која во наредна фаза ќе се поставивештачка трева. Спортскиот терен е комплетиран соспортски реквизити како кошеви и стативи, поставена е урбана опрема (клупи, корпи за отпадоци) и ограда зад головите. Вкупна вредност: 800.000,00 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на општината Карбинци.

ПОДОБРУВАЊЕ НА СПОРТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА
Репарирани се 12 спортски реквизити - кошеви и истите се поставени во повеќе населени места заради омасовување на т.н. „маалски баскет“. 

- Осветлени се сите постојни мали спортски терени со рефлектори.
- Поддржани се финансиски спортските клубови „Карбинци“ и „Долни Балван“, кои се натпреваруваат во Третата фудбалска лига и фудбалските клубови што се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига Штип.
Вкупна вредност: 453.000,00 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината Карбинци.

41

Прочитај повеќе...

Пристапен пат до туристичко-археолошки павиљон во археолошкиот локалитет Баргала

Патот е започнат со градење во 2012 година и е изграден до фаза за изведба на асфалтерските работи.Објавен е Оглас за доделување на договор за јавна набавка. Проектот предвидува асфалтирање на околу 950 м локален пат, а средствата се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој - Скопје и буџетот на општината Карбинци во вкупен износ од 5.842.700 денари.Со изградбата на овој патен правец и со започнатите активности за урбанизација, Археолошкиот локалитет од културен историски споменик ќе добие едукативна функција, а воедно ќе стане и рекреативен центар.

 7

Прочитај повеќе...