Надлежности на Советот

(1) Советот: 

  1. Го донесува статутот на општината и други прописи;
  2. Донесува буџет на општината и годишна сметка на општината;
  3. Ја утврдува висината на сопствените извори на приходи за финансирање на општината, во рамките утврдени со закон;
  4. Основа јавни служби во рамките на надлежноста на општината и врши надзор над нивната работа;
  5. Именува членови во управните одбори на јавните служби, кои ги основа;
  6. Усвојува програми за работа и финансиски планови за финансирање на јавните служби, кои ги основала општината;
  7. Ги усвојува извештаите за извршување на буџетот и годишната сметка на општината;
  8. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
  9. Ги усвојува извештаите за работата и годишните сметки на јавните служби, кои ги основала општината;
  10. Одлучува за начинот на располагање со сопственоста на општината;
Прочитај повеќе...

Деловник на Советот на Општина Карбинци

adobe pdf icon                                                              Превземи документ

За Совет на Општина Карбинци

Советот на Општина Карбинци е претставнички орган на граѓаните кој што одлучува врз основа на утврдени надлежности согласно Закон. 

Советот на Општина Карбинци го сочинуваат 9 члена избрани на општи, непосредни, слободни и демократски избори. 

Членовите на Советот се избираат со мандат од 4 (четири) години, ги претставуваат граѓаните и во Советот одлучуваат по сопствени убедувања. 

Од редот на членовите на Советот, Советот избира Претседател. Претседателот на Советот ја организира работата на Советот, ги свикува и раководи со седниците на Советот, ги потпишува прописите што ги донел Советот и ги доставува до Градоначалникот за објавување. Заради разгледување на прашања и утврдување на предлози од одредена област, Советот од својот состав формира постојани и привремени комисии.

 

Комисии на советот на општина карбинци

adobe pdf icon                                                             Превземи документ