Драги сограѓани

Цврсто верувам дека со овој нов начин на работа успеав и постигнав видливи резултати. Проектите што реков дека ќе ги исполнам и мерките што ветив дека ќе ги спроведам во најголем дел се реализирани. Се надевам дека тоа што ќе го направам ќе има голем ефект врз сегашноста, но и врз иднината на нашата Општина.

Во изминатите осум месеци, Општина Карбинци започна енергична и исклучително активна општинска политика, секогаш имајќи ги во предвид потребите и желбите на граѓаните за подобар и поквалитетен живот.

Иако свесен за одговорноста што ја носам пред граѓаните и за тешките услови во една светска економска криза, во ниту еден момент не се поколебав и не почувствував замор и недостиг на енергија.

Во духот на нашите заложби за транспарентност и за одговорност пред Вас, со гордост излегувам со овој Отчет, во кој точно се наведени проектите кои ги реализиравме заеднички со Вас.

Општината е наш заеднички дом и сите ние имаме обврска да помагаме за подобра иднина наидните генерации.

Мојот успех се базира, пред се, на несебична соработка со сите инстиуции во општината, со Владата на Република Македонија, со меѓународните институции и донатори што резултира со успешна реализација на изборната програма.

Заедничка визија, моја и на моите соработници, е и во иднина да ја градиме оваа наша општина, која од ден во ден ќе го менува својот изглед, општина со уште помал број на невработени и со уште поголем број на инвеститори, на задоволство на сите граѓани.

Сето она што се реализира останува за општината и за генерациите што доаѓаат. Наша цел е постигнатите стандарди да ги подигнеме уште повисоко. Мотивацијата за остварување на тоа што го работиме ќе ја пренесеме и на другите што ќе ги продолжат нашите дела.

Горд сум што можам да излезам пред Вас и да го презентирам она што сум го сработил во изминатите осум месеци, она за што Вие, граѓаните на Општина Карбинци ми го доверивте мандатот.