Драги пријатели

Моја заложба е да ги реализираме проектите кои заедно со Вас оценивме дека се приоритет за подобрување на животните услови во Општина Карбинци, а во прв план тоа се проектите за заживување на индустриските зони, подобрување на инфраструктурата и стимулирање на локалниот економски развој што би значело обезбедување на нови работни места и зголемување на животниот стандард во општината.

Голем предизвик и огромна обврска за мене е да го спроведам ветеното и со своите дела да го променам ликот на Општина Карбинци, да ја афирмирам, да стимулирам економски развој на истата преку максимално искористување на природните и техничко –технолошките ресурси на општината и на тој начин да ја мотивираме младата популација, како столб на секое општество, да ги остварува своите животни цели и да го живее својот сон во Општина Карбинци.