ЈАВЕН ПОВИК

by Poly 0 Comments

Превземи PDF: Javen povik_Opstina Karbinci_1_2018

Врз основа на член 8 став 1 од Законот за финансиска поддршка на Единиците на Локалната самоуправа и единки корисници основани од Единиците на Локалната самоуправа и единки корисници за финансирање на доспеани, а неплатени обврски (“Службен Весник на Република Македонија” бр. 209/2018 од 15.11.2018 година), Градоначалникот на општина Kарбинци објавува:

Ј А В Е Н   П О В И К бр. 01/2018

Со овој повик се повикуваат сите доверители на Општина Карбинци и единките корисници кои имаат доспеани, а неплатени обврски евидентирани во Електронскиот систем за пријавување и евиденција на обврските заклучно со месец септември 2018 година, да се пријават во Општина Карбинци со цел спогодбено утврдување на износот на обврските.

Пријавата треба да содржи целосен назив на правното лице, седиште, матичен број и даночен број на доверителот, телефон за контакт и маил адреса, односно фотокопија од лична карта и телефон за контакт и маил адреса, за физички лица и сите можности кои доверителите ги нудат кон општината во однос на сервисирање на нејзината обврска.

Со пријавата, во која ќе биде означено дали истата се однесува за Општина Карбинци или за единките корисници, доверителите треба да достават:
Тековна состојба (за правните лица), не постара од 6 месеци, во оригинал или во копија заверена на нотар,
Kниговодствена документација за вкупните нивни побарувања или
Правен основ врз основа на кој настанала обврската (решение, пресуда, извршна исправа и сл.)
Општината го задржува правото во текот на постапката за преговарање да побара дополнителни документи кои се од интерес на постапката.

За обврските на општината, Градоначалникот ќе пристапи кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за општината, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.

За обврските на единките корисници, Градоначалникот и Одговорното лице на единката корисник ќе пристапат кон преговори со сите доверители кои се јавиле на јавниот повик за спогодбено утврдување на износот на обврските, односно намалување на обврските за единката корисник, за што се составува и потпишува записник со секој доверител.

За датумот и местото на одржување на преговарањето, доверителите кои ќе се пријават, ќе бидат дополнително известени.

По завршување на процесот на преговарање, Градоначалникот на општината ќе изготви Извештај за вкупниот договорен износ по доверители за финансирање на доспеани, а неплатени обврски и истиот ќе го достави до Советот на општината кој го одобрува со Одлука.

Приоритет при исплата на доспеаните, а неплатени обврски, имаат обврските со кои спогодбено со доверителот е постигнато целосно откажување од каматата и намалување на главницата на побарувањето за 15%.

Рокот за пријавување на јавниот повик изнесува 20 дена, и започнува да тече од наредниот ден од денот наобјавување на повикот.

Повикот ќе биде објавен на огласната табла на Општина Карбинци на веб страната на Општина Карбинци и во едно јавно гласило/медиум.

Пријавата заедно со целокупната документација треба да биде доставена до Архивата на Општина Карбинци, с.Карбинци, 2207 Карбинци, со назнака „за Јавен Повик 01/2018 за пријава на Доверители„ или по пошта со препорачана пратка.

Ненавремените пријави нема да бидат земени во предвид при процесот на преговарање.

 

Превземи PDF: Javen povik_Opstina Karbinci_1_2018

Leave a reply

Your email address will not be published.

You may use these HTML tags and attributes:

<a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>