Joint Meeting of the Project Team in Karbinci

by Poly 0 Comments

 

Joint Meeting of the Project Team in Karbinci 

Project: “Protecting the population in the municipalities of Karbinci

and Strumiani and prevention of flood damage

The joint project team organizes regular joint meetings in aim to coordinate the activities’ realization of the project “Protecting the population in the municipalities of Karbinci and Strumiani and prevention of flood damage” which is co-financed by the EU through the Interreg-IPA Programme. The last meeting was held in Municipality of Karbinci on the 15th and 16th of January 2018. After the cordial welcoming of the guests from Bulgaria by the Mayor, Mr. Jordan Nasev, the team discussed the progress of the projects’ realization and planned the next activities.

It was determined that the key activities – editing of riverbeds of the Rivers Kozjachka in Karbinci and Shashka in Strumyani by building protective walls at key points in aim prevention of flooding – is progressing as planned, the progress is visible, and the partners are satisfied by the results so far.

The team also discussed about the upcoming activity, the joint training “Raising the capacity of stakeholders in the field of disasters”, which is planned to take place in Macedonia during the second half of March 2018, and the team divided tasks in aim to prepare for this activity.

This announcement has been produced with the assistance of the European Union. The contents of this publication are the sole responsibility of Municipality of Karbinci and can in no way be taken to reflect the views of the European Union.

 

Одржан заеднички состанок

на проектниот тим во Општина Карбинци

Проект: „Заштита на населението од Карбинци

и Струмјани и превенција од поплави“

Со цел координација на активностите од заедничкиот проект „Заштита на населението од Карбинци и Струмјани и превенција од поплави“, којшто е ко-финансиран од Европската Унија преку програмата Интеррег – ИПА, заедничкиот проектен тим одржува редовни состаноци. Последниот состанок се одржа на 15. и 16. јануари 2018 год. во О.Карбинци. По срдечниот пречек на гостите од Бугарија од страна на Градоначалникот Јордан Насев, тимот дискутираше за напредокот во реализацијата на проектот и се организираше за претстојните активности.

Утврдено е дека клучните активности – уредување на коритата на Реките Козјачка во Карбинци и Шашка во Струмјани преку изградба на заштитни ѕидови на клучни точки со цел да се превенираат излевања – се спроведуваат според планот, напредокот е видлив и партнерите се задоволни од досегашните резултати.

Исто така, дискутирано е и за претстојната активност, заедничката обука за „Јакнење на капцитетите на засегнатите страни во областа на превенција и справување со природни катастрофи“, што ќе се одржи во втората половина од март 2018 во Македонија, па тимот си подели задачи за подготовка на истиот.