Заштита на населението од Карбинци и Струмјани и превенција од поплави

by Poly 0 Comments

 

ЗАШТИТА ОД ПОПЛАВИ

ЗА ГРАЃАНИТЕ ОД КАРБИНЦИ, СТРУМЈАНИ И РЕГИОНОТ

Во периодот што следува, Општините Карбинци (Македонија) и Струмјани (Бугарија) ќе го спроведат проектот „Заштита на населението од Карбинци и Струмјани и превенција од поплави“ што е овозможен со поддршка од Европската Унија преку програмата Интеррег – ИПА. Зголемената безбедност на населението од овој регион ќе се постигне со спречување на поплави преку изградба на заштитни ѕидови во клучни делови и чистење на коритата од реките Козјачка река во Карбинци и Шашка во Струмјани. Покрај тоа, напоредно ќе се работи и на јакнење на капцитетите на јавните институции за справување со еколошките предизвици во животната средина и зголемување на свеста на младите луѓе како да се однесуваат во вонредни ситуации.

*  *  *

Име на проектот: „Заштита на населението од Карбинци и Струмјани и превенција од поплави“

Ко-финансиран од Европската Унија преку Interreg-IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme, CCI No. 2014TC16I5CB006, со вкупен буџет од 379.150,14 Евра (за двете општини)

Времетраење: октомври 2016 – октомври 2018

Активности:

  1. Управување со проектот (Се формира заеднички проектен тим за двете општини којшто е задолжен за ефикасно спроведување на проектните активности на двете страни од границата.)
  2. Информирање и публицитет (Со цел да се обезбеди соодветно информирање на граѓаните, ќе се организираат 4 конференции за медиуми, ќе се објават повеќе информации во различни медиуми, и, ќе се подготват печатени материјали – флаери, банери, информативни табли, пенкала…)
  3. Работи за градба во Карбинци (Изградба на 256 м. заштитни ѕидови на Козјачка река во О.Карбинци.)
  4. Надзор над градбата во Карбинци
  5. Работи за градба во Струмјани (Изградба на 340 м. заштитни ѕидови на реката Шашка во О.Струмјани.)
  6. Надзор над градбата во Струмјани
  7. Дополнителен надзор од дизајнерот во Струмјани
  8. Заедничка обука „Јакнење на капцитетите на засегнатите страни во областа на превенција и справување со природни катастрофи“ (На обуката што ќе се одржи во Македонија, ќе учествуваат триесетина учесници од засегнати институции и организации од двете општини.)

 

FLOOD PREVENTION

FOR THE POPULATION OF

KARBINCI, STRUMIANI AND THE REGION

During the following period, the Municipalities Karbinci (Macedonia) and Strumiani (Bulgaria) shall implement the project “Protecting the population in the municipalities of Karbinci and Strumiani and prevention of flood damage” supported by the EU Interreg-IPA Programme. The increased safety of the population shall be achieved by flood prevention through construction of protective walls at key points and cleaning of the riverbeds of Kozjacka and Shashka Rivers in Karbinci and Strumiani. At the same time, the project team shall work on capacity building od key stakeholders on disaster management, and awareness raising of youth regarding proper acting in disaster situations.

*  *  *

Project title: “Protecting the population in the municipalities of Karbinci and Strumiani and prevention of flood damage”

Co-financed by the European Union through the Interreg-IPA CBC Bulgaria – the former Yugoslav Republic of Macedonia Programme, CCI No. 2014TC16I5CB006, with a total budget of 379.150,14 ЕUR (for both municipalities)

Time duration: October 2016 – October 2018

Activities:

  1. Project Management (A joint project team for both municipalities is established, and it is responsible for efficient implementation of the project on both sides of the border.)
  2. Publicity & Information (In order to provide proper information for the population, a set of activities is planned to be realized: 4 press conferences, several announcements in the media, printing of banners, information boards, flyers, pens…)
  3. Construction works in Karbinci (Building of 256 м. supportive walls at key points on Kozjacka River in Karbinci.)
  4. Site supervision for construction works in Karbinci
  5. Construction works in Strumiani (Building of 340 м. supportive walls at key points on Shashka River in Strumiani.)
  6. Supervision works in Strumiani
  7. Supervision provided by the designer in Strumiani
  8. Implementation of Joint training for Karbinci and Strumiani “Raising the capacity of stakeholders in the field of disasters” (The joint training, which is planned for around 30 representatives from institutions and organizations from both municipalities, shall take place in Macedonia.)

Превземи PDF