Градоначалник

Зоран Минов градоначалник на Општина Карбинци 365/ДЕЛА

-БИОГРАФИЈА-

 

НАДЛЕЖНОСТИ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

– Ја претставува и застапува Општината;
– Ја контролира законитоста на прописите на советот;
– Ги објавува прописите на советот во службено гласило;
– Го обезбедува извршувањето на работите на одлуките на советот;
– Го обезбедува извршувањето на работите кои со закон се делегирани на општината;
– Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;
– Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;
– Го извршува буџетот на општината;
– Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;
– Редовно го известува советот за извршување на своите надлежности во согласност со статутот;
– Решава во управни работи за права, обврски и интереси на правни и физички лица, во согласност со закон;
– Донесува правилник за систематизација на работни места во општинска администрација;
– Раководи со општинска администрација;
– Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон;
– Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статут;
– Врши други работи утврдени со закон и со статут;
– Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.

Драги пријатели

Моја заложба е да ги реализираме проектите кои заедно со Вас оценивме дека се приоритет за подобрување на животните услови во Општина Карбинци, а во прв план тоа се проектите за заживување на индустриските зони, подобрување на инфраструктурата и стимулирање на локалниот економски развој што би значело обезбедување на нови работни места и зголемување на животниот стандард во општината.Голем предизвик и огромна обврска за мене е да го спроведам ветеното и со своите дела да го променам ликот на Општина Карбинци, да ја афирмирам, да стимулирам економски развој на истата преку максимално искористување на природните и техничко –технолошките ресурси на општината и на тој начин да ја мотивираме младата популација, како столб на секое општество, да ги остварува своите животни цели и да го живее својот сон во Општина Карбинци.

Драги сограѓани

Цврсто верувам дека со овој нов начин на работа успеав и постигнав видливи резултати. Проектите што реков дека ќе ги исполнам и мерките што ветив дека ќе ги спроведам во најголем дел се реализирани. Се надевам дека тоа што ќе го направам ќе има голем ефект врз сегашноста, но и врз иднината на нашата Општина.Во изминатите осум месеци, Општина Карбинци започна енергична и исклучително активна општинска политика, секогаш имајќи ги во предвид потребите и желбите на граѓаните за подобар и поквалитетен живот.Иако свесен за одговорноста што ја носам пред граѓаните и за тешките услови во една светска економска криза, во ниту еден момент не се поколебав и не почувствував замор и недостиг на енергија.Во духот на нашите заложби за транспарентност и за одговорност пред Вас, со гордост излегувам со овој Отчет, во кој точно се наведени проектите кои ги реализиравме заеднички со Вас.

Општината е наш заеднички дом и сите ние имаме обврска да помагаме за подобра иднина наидните генерации.

Мојот успех се базира, пред се, на несебична соработка со сите инстиуции во општината, со Владата на Република Македонија, со меѓународните институции и донатори што резултира со успешна реализација на изборната програма.

Заедничка визија, моја и на моите соработници, е и во иднина да ја градиме оваа наша општина, која од ден во ден ќе го менува својот изглед, општина со уште помал број на невработени и со уште поголем број на инвеститори, на задоволство на сите граѓани.

Сето она што се реализира останува за општината и за генерациите што доаѓаат. Наша цел е постигнатите стандарди да ги подигнеме уште повисоко. Мотивацијата за остварување на тоа што го работиме ќе ја пренесеме и на другите што ќе ги продолжат нашите дела.

Горд сум што можам да излезам пред Вас и да го презентирам она што сум го сработил во изминатите осум месеци, она за што Вие, граѓаните на Општина Карбинци ми го доверивте мандатот.