Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП ИПА инвестициски грантови MSIP-IPA-NCB-038-16

by Poly 0 Comments

Република Македонија

Проект за подобрување на општинските услуги – МСИП

ИПА инвестициски грантови

MSIP-IPA-NCB-038-16
  1. Овој Повик за Понуди ја следи Општата објава за набавки за овој Проект објавена во изданието на UN Development Business, со бр. 767, од 31 Јануари, 2010 година (печатено издание) и објавена  електронски на 06 Јануари, 2010 година.
  2. Република Македонија доби грант средства од Европската комисија во рамките на ИПА фондот за рурални инвестиции на Европската комисија за реконструкција и развој за Проектот за подобрување на општински услугите (МСИП) и има намера дел од добиените средства од овој кредит да ги искористи за плаќања по договор за: “Реконструкција на улица во село Таринци; Реконструкција на културен дом во село Таринци; и Изградба на Отворен пазар во село Карбинци“
  3. Општина КАРБИНЦИ  ги повикува подобните и квалификувани понудувачи да дадат запечатени понуди за градежни работи кои вклучуваат “Реконструкција на улица во село Таринци; Реконструкција на културен дом во село Таринци; и Изградба на Отворен пазар во село Карбинци“
  4. Процесот на понудување ќе се спроведе преку процедури за национално јавно наддавање како што е специфицирано во Упатството на Светска банка: Набавка со средства добиени од IBRD Заеми и IDA Кредити, од јануари 2011 година и е отворен за сите понудувачи од подобните земји како што е дефинирано во тендерската документација.
  5. Заинтересираните подобни понудувачи може да добијат дополнителни информации на адресата наведена подолу од 08:00 до 16:00:Адреса:Општина Карбинци, село Карбинци ббОпштина: КарбинциДржава: Република МакедонијаТелефон: +38932300300Факс: +38932300022Електронска адреса: els.karbinci@mt.net.mk
  6. Комплетна Тендерска документација  на македонски јазик  може да ја купат заинтересираните понудувачи по поднесување на писмена апликација на адресата дадена подолу и по плаќањето на неповратна такса од 3.000,00 МКД. Методот на плаќање ќе биде преку ПП50 образец, на следнава сметка:                                                                                                                                                                                                                                                                a) За плаќање во денари:                                                                                                                                                                 Банка: Народна банка на Република Македонија Број на сметка: 100000000063095Буџетска корисничка сметка: 733014106863016Приходно конто: 724125Програма: 00
  7. Тендерската документација ќе биде доставена по електронска пошта или може да се добие директно од Општина КАРБИНЦИ.
  8. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 30.09.2016. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 30.09.2016.
  9. Понудите мора да се достават на адресата дадена подолу до 12:00ч, 30.09.2016. Електронско доставување на понудите не е дозволено. Задоцнетите понуди ќе бидат одбиени. Понудите ќе бидат физички отворени во присуство на претставници на понудувачите кои ќе изберат на присуствуваат лично на адресата дадена подолу во 12:00ч, 30.09.2016.
  10. Адреса:Карбинци бб

Општина: КАРБИНЦИ
Држава: Република Македонија

 

ОПШТИНА КАРБИНЦИ

Градоначалник

Зоран Минов

Превземи PDF

Повеќенаменско спортско игралиште во с.Таринци

Во рамките на Проектот “Иаградба на 100 повеќенаменски игралишта“ на Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт, во село Таринци е изградено повеќенаменско спортско игралиште.38

Во рамките на Проектот “Иаградба на тениски игралишта“ на Владата на Република Македонија преку Агенцијата за млади и спорт, во село Таринци е изградено тениско игралиште.

39

Пристапен пат до туристичко-археолошки павиљон во археолошкиот локалитет Баргала

Патот е започнат со градење во 2012 година и е изграден до фаза за изведба на асфалтерските работи.Објавен е Оглас за доделување на договор за јавна набавка. Проектот предвидува асфалтирање на околу 950 м локален пат, а средствата се обезбедени од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – Скопје и буџетот на општината Карбинци во вкупен износ од 5.842.700 денари.Со изградбата на овој патен правец и со започнатите активности за урбанизација, Археолошкиот локалитет од културен историски споменик ќе добие едукативна функција, а воедно ќе стане и рекреативен центар.

7

Со проектот се предвидува: реконструкција на асфалтната коловозна конструкција на Главната улица во село Радање (745 метри), и Крак кон Археолошкиот локалитет Баргала (845 метри) со два објекти плочасти пропусти на влезот и на излезот од селото на водотекот Криви дол. Изграден е само кракот кон Археолошкиот локалитет во должина од околу 500 м.Средствата се обезбедени од Програмата за реконструкција и рехабилитеција на регионалната и локалната патна мрежа во Република Македонија

финасирана од Светска банка преку Агенцијата за државни патишта на Република Македонија во износ од 11.500.000,00 денари.

8

Мал спортски терен во с.Козјак

Изграден е повеќенаменски мал спортски терен (ракомет и кошарка) со површина од 580 м² (30м х 18м), со бетонска подлога, врз која во наредна фаза ќе се поставивештачка трева. Спортскиот терен е комплетиран соспортски реквизити како кошеви и стативи, поставена е урбана опрема (клупи, корпи за отпадоци) и ограда зад головите. Вкупна вредност: 800.000,00 денари. Средствата се обезбедени од буџетот на општината Карбинци.

ПОДОБРУВАЊЕ НА СПОРТСКАТА ИНФРАСТРУКТУРА
Репарирани се 12 спортски реквизити – кошеви и истите се поставени во повеќе населени места заради омасовување на т.н. „маалски баскет“.

– Осветлени се сите постојни мали спортски терени со рефлектори.
– Поддржани се финансиски спортските клубови „Карбинци“ и „Долни Балван“, кои се натпреваруваат во Третата фудбалска лига и фудбалските клубови што се натпреваруваат во Општинската фудбалска лига Штип.
Вкупна вредност: 453.000,00 денари, а средствата се обезбедени од буџетот на општината Карбинци.41

40